Свет
Сирија со три проектили ѝ возврати на Турција, се водат жестоки борби на границата
Три проектили истрелани од сириска територија паднале синоќа во турскиот пограничен град Акчакале, јави „Си-ен-ен Турк“.
Нема информации за жртви, а предизвикана е материјална штета врз неколку куќи во градот.
Проектилите биле истрелани ноќеска, неколку часа по почетокот на воената операција „Извор на мирот“ во северна Сирија насочена против курдските борци.
Локалните власти на Акчакале објавија дека училиштата нема да работат до 14 октомври поради воената операција.
Денеска во тек се жестоки борби меѓу турските трупи и борците на сириските демократски сили во селата на границата меѓу двете земји, изјави курдски претставник.
„Жестоките борби продолжуваат додека турските сили се обидуваат да влезат во селата на границата“, рече Мур Камишло, портпарол на сириските демократски сили, организација предводена од сириските Курди, пренесува „Ројтерс“.
Турското Министерство за одбрана претходно објави дека копнените сили на земјата продолжиле да напредуваат кон курдските борци во северна Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.