Свет
Слободниот пад на шведската круна спореден со државите по државен удар
Една лоша нова прогноза од најголемата скандинавска банка „Нордеа“ предвидува дека шведската валута дополнително ќе изгуби од вредноста однос на еврото во наредните месеци, пренесува „Свенска даглбадет“.
„Вкупниот пад на круната е сличен на она што се гледа во земјите во кои се случил државен удар”, вели главниот стратег на „Нордеа“, Хенрик Унел.
Новата загуба во вредноста се предвидува да продолжи со тековниот тренд на девалвација што некои го опишаа како „слободен пад”. Во изминатите седум години шведската круна загуби речиси 30 отсто од својата вредност во однос на еврото и 50 отсто во однос на доларот.
„Во февруари, вредноста на круната го достигна најниското ниво досега и го надмина претходниот рекорд за финансиска криза. Шведските домаќинства добиваат само 80 оре за секоја круна што ја инвестираат во Шведска како компанија. Ова е јасно прекршување на договорот, но никој не протестира”, напиша Унел.
Според Унел, виновник за слабата круна е Централната банка, чија политика е да ги задржи каматните стапки на Шведска меѓу најниските во светот. Гувернерот на Централната банка, Штефан Ингвес, ја бранеше својата политика тврдејќи дека таа довела до голема вработеност и до поголем раст.
„Централната банка не може и не треба да ги стабилизира и инфлацијата и девизниот курс во исто време. Мора да одбере, а со инфлацијата како цел, неизбежно е девизниот курс да се придвижи”, напиша Ингвес во „Дагенс нихетер“ на крајот од март.
Унел го критикуваше овој став сугерирајќи дека Централната банка го информира надворешниот свет дека тие всушност ги игнорираат сите последици од сопствената политика за инфлација.
Денес, каматната стапка во Шведска е минус 0,25 отсто. Ова се должи на ниската инфлација што ги „прогонува“ Шведска и Европа уште од почетокот на светската финансиска криза пред повеќе од 10 години. „Риксбанк“ нема намера да ги зголеми каматните стапки најмлаку до летото 2020 година.
Унел предвидува дека инфлацијата ќе продолжи да ја измачува Шведската централна банка заедно со другите централни банки во блиска иднина делумно поради тоа што Кина продолжува да произведува евтини стоки што ги извезува во остатокот од светот.
„Она што првенствено ги намалува каматните стапки во нашиот дел на светот е ниската стапка на инфлација. И како да ги зголемат кога цените на производите од Кина се зголемуваат за 0,4 отсто во една година?” вели Унел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.