Свет
Словачка се извини за присилната повеќедецениска стерилизација на жените Ромки во земјата
Владата во Словачка официјално се извини за децениската присилна стерилизација на жените Ромки во земјата.
Владејачката словачка коалиција издаде соопштение во кое ги осудува прекршувањата на човековите права што се случувале во текот на годините и им се извини на сите засегнати.
Бројот на стерилизации не може точно да се утврди, но најмалку неколку илјади жени ја поминале процедурата, објави претставник на ромската влада на својата официјална веб-страница.
Според владата, присилните стерилизации се случиле помеѓу 1966 и 1989 година, а со цел да се ограничи бројот на деца родени во ромското малцинство.
Но, според владата, дури и по падот на комунизмот, помеѓу 1990 и 2004 година, Ромките биле незаконски принудувани во клиниките за да се согласат на стерилизација откако ќе имаат деца.
Организациите за човекови права и Советот на Европа со години ја повикуваат Словачка да ги препознае систематските прекршувања на човековите права на Ромите и да ги обесштети жртвите.
Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, го поздрави извинувањето на словачките власти како важен прв чекор.
Но, додаде таа, треба што побргу да се воспостави механизам за компензација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.