Свет
Снежна бура во САД, откажани стотици летови
Бура во централниот дел на САД доведе до откажување на стотина летови и одложување на илјада други нарушувајќи ги плановите на бројни луѓе за време на празниците.
Сајтот за следење на летовите „Флајт Авер“ наведе дека се одложени повеќе од 6 500 летови, а откажани околу 800.
Најлошо помина меѓународниот аеродром во Далас, каде што повеќе од 450 летови се откажани, а 600 се одложени.
Дождот, снегот и силните ветрови во некои подрачја го направија патувањето опасно, но не и невозможно. Властите во Небраска затворија за сообраќај еден од главните патни правци во земјата, додека Северна Дакота издаде предупредување за патување во источниот дел од земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти EMSC.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километри од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12:37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.