Свет
Советот за безбедност на ОН денеска за наводните злосторства на Русија во Украина
Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи седница посветена на наводните руски злосторства во Украина.
15-членото тело за таа тема ќе ги информира генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан.
Меѓу другите, на седницата ќе присуствуваат рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, пренесува „Ројтерс“.
По Гутереш и Кан, ќе зборуваат претставниците на 15-те земји членки на Советот за безбедност, Украина, неколку европски земји, меѓу кои и Белорусија, како и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Советот за безбедност заседава еден ден по рускиот наредбата за мобилизација на 300.000 резервисти од страна на претседателот Владимир Путин.
Тоа тело не можеше да преземе никакви значајни мерки во врска со војната во Украина бидејќи Русија е постојана членка на Советот за безбедност на ОН и има право на вето, пренесе „Телеграф.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.