Свет
Советот за човекови права на ОН ќе ја разгледува ситуацијата во Украина, Венецуела и Сирија
Состојбата на човековите права и слободи во Украина, Венецуела, Сирија, Мјанмар, Јужен Судан, Јемен и речиси триесетина други држави ќе се разгледува на 40-тата седница на Советот за човекови права на ОН од денес во Женева (25 февруари – 22 март ), пренесува ТАСС.
Првите три дена од сесијата традиционално се посветени на дискусиите во сегментот на високо ниво. Повеќе од 90 држави ќе ја претстават својата визија за тековните прашања поврзани со човековите права.
Рускиот заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Вершинин денес ќе говори на седница што ќе ја претставува Русија. Како што објави руското МНР претходно, на маргините од сесијата ќе се организираат настани на тема борба против дискриминацијата врз основа на јазикот, заедно со руските непрофитни организации.
Оваа година, Русија не е меѓу 47-те земји во Советот. Постојаниот претставник на Руската Федерација при Канцеларијата на ОН и другите меѓународни организации во Женева, Генадиј Гатилов, претходно изјави дека Москва има доволно можности да ги промовира своите иницијативи.
Интерактивна дискусија за Украина е закажана за 20 март, за Конго – 19 март, Сирија – 12 март, Мјанмар – 11 март, а извештаите за Венецуела, Колумбија и Јемен ќе бидат презентирани на 20 март.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, претседателот на Генералното собрание на ОН, Марија Фернанда Еспиноса, и Високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Бачелет, ќе говорат на отворањето денес.
На првиот ден, форумот е закажан за говори од претставници на повеќе од 30 држави, вклучувајќи ги и претседателите на Тунис и Конго, премиерите на Јемен и Фиџи и министрите за надворешни работи на Турција и Грузија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.