Свет
Сопственици на локали во САД вооружени до заби не им дозволуваат на демонстрантите да се доближат
Немирите што почнаа поради убиството на Џорџ Флојд во САД многу бргу се претворија во масовни грабежи и вандализам, па затоа во повеќе од 20 града е прогласен полициски час, а на улиците во земјата излезе и Националната гарда.
Први на удар се најдоа продавниците со најлуксузен асортиман и локалите, како супермаркетите и рестораните. Некои Американци се принудени самите да ги заштитуваат своите дуќани од насилните напади на демонстрантите. Едни од тие што на специфичен начин ги заштитуваа локалите беа сопствениците на пекарниците во Кливленд.
Italians taking care of their bakery here in Cleveland. pic.twitter.com/5prrGFzTTq
— Steve Lloyd (@SteveOH622) June 1, 2020
Исто така, еден руски ресторан во Сан Диего се бранеше од демонстрантите со тоа што ги распореди своите вработени пред вратата на локалот.
Вот так в Сан-Диего наши ребята уберегли от разгрома ресторан «Пушкин».
Posted by Natalia Slavina on Понеделник, 01 јуни 2020
Најлошо поминаа сопствениците на локалите во Лос Анџелес, кои се појавија пред продавниците со оружје и мачети, но беа приведени од полицијата поради тоа што органите сметале дека тие се дел од групата на демонстрантите.
По неколку часа, тие сепак беа ослободени од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.