Свет
„Спутник лајт“ двојно ја намалува можноста од зараза по само една доза
Лајт верзијата на „спутник В“ против Ковид-19, дадена во единечна доза, ја намалува можноста од зараза за 50 до 60 проценти, изјави Александар Гинцбург, директор на рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој ја разви вакцината, пренесуваат руските медиуми.
„Постои лајт опција, која е прва компонента на вакцината ‘спутник В’. Ако се користи одделно, без примање на втора доза, може да ја намали зачестеноста на оваа инфекција за 50 или дури 60 проценти“, рече Гинцбург на телевизијата „Русија 1“.
Испитувањата на вакцината „спутник лајт“, која се дава во единечна доза, почнаа во Москва на 27 февруари, а пријавата за нејзина регистрација беше поднесена на 29 март.
„Спутник В“ даден во две дози останува главната вакцина.
Списанието „Лансет“ објави дека „спутник В“ е 92 проценти ефикасен во спречување на симптоматска болест и 100 проценти во спречување на тешка болест.
Taa исто така се смета за ефикасна против новите варијанти на коронавирусот.
Руската вакцина против Ковид-19, „спутник В“, е една од трите што во моментот се тестираат во Европската агенција за лекови (ЕМА), заедно со вакцините на американскиот „Новавакс“ и германскиот „Кјурвак“.
Експертите на агенцијата се очекува да ја посетат Русија во април за да го испитаат производството и складирањето на вакцината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: Распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Вана Илиќ, мајката на двегодишната Данка е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13 часот и 45 минути.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.