Свет
Ставил двоглав орел на претседателскиот печат, го посрамотил Трамп
Еден член на конзервативната американска група доби отказ затоа што на студентскиот самит, на којшто се обратил претседателот на САД, Доналд Трамп, емитувал изменета верзија на претседателскиот печат, каде што наместо едноглав се наоѓа двоглав орел, сличен на оној на руското знаме.
Би-би-си истакнува дека двојниот орел се наоѓа на знамињата на Србија, Албанија и Црна Гора, но оценува дека наведената верзија на печатот, најверојатно, се однесува на Русија, имајќи во вид дека мандатот на Трамп го обележија односите со Москва и претседателот Путин.
This is actually a much more accurate seal for representing #Trump. ? #LiarInChief #RussianCollusion #TrumpPutin pic.twitter.com/HAlG811lCs
— Ted Collins (@tedfcollins) July 26, 2019
Ова, сепак, не е единствената разлика од оригиналната американска верзија – наместо орелот да држи 13 стрели, што ги претставуваат 13-те првични држави, во неговите канџи има палки за голф, што укажува на љубовта на претседателот кон тој спорт.
Исто така, наместо гранче со маслинки, во десната канџа орелот има куп пари, забележува Би-би-си.
Претставник на групата Turning Point USA изјави за „Вашингтон пост” дека ова е грешка што настанала поради избрзаното пребарување преку интернет.
Инцидентот се случил кога американскиот претседател се искачил на сцената на самитот, откако беше емитувано 12-минутно видео за патот на Трамп до Белата куќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.