Свет
Столтенберг: Украина треба да има повеќе тешко оружје
Да, Украина треба да има повеќе тешко оружје, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Хаг.
Tој одржа состанок со лидерите на седум европски сојузници на НАТО пред самитот на Ааијансата кон крајот на јуни во Мадрид, каде што исто така рече дека руските сили напредуваат на истокот на земјата.
„НАТО веќе ги засилува испораките и официјални лица ќе се состанат денеска во Брисел за да ја координираат понатамошната поддршка, вклучително и тешкото вооружување“, рече Столтенберг, додавајќи дека НАТО мора да покаже уште поголема подготвеност и да ги зајакне вооружените капацитети по должина на својата источна граница.
Одговарајќи на апелот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за дополнително оружје со долг дострел, Столтенберг рече дека се согласува Киев да добие повеќе тешко оружје, но не наведе детали.
„Украина треба да има повеќе тешко вооружување, а сојузниците и партнерите на НАТО обезбедија тешко оружје“, рече Столтенберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Моќната сестра на севернокорејскиот лидер: Ќе изградиме супериорна воена сила
Ким Јо Џонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, рече дека земјата ќе продолжи да гради супериорна и најмоќна воена сила за да го заштити својот суверенитет и регионалниот мир, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.
Ким рече дека серијата воени вежби на американската војска во регионот оваа година, почнувајќи со вежби спроведени со „јужнокорејски марионетски воени гангстери“, опасно ја нарушуваат регионалната безбедносна средина.
„Ќе продолжиме да ја градиме најголемата и најмоќната воена сила за заштита на нашиот суверенитет, безбедност и регионален мир“, ја цитираше КЦНА нејзината изјава.
Војските на САД и Јужна Кореја во последните месеци спроведоа серија големи и интензивни вежби, а лидерите на двете земји ветија дека ќе ја подобрат борбената готовност против воените закани на Северна Кореја.
Околу 100 воени авиони извршија двонеделни воздушни вежби овој месец, соопшти јужнокорејската војска.
Северна Кореја вели дека американските воени вежби се подготовки за нуклеарна војна против неа. Вашингтон и Сеул велат дека вежбите имаат одбранбен карактер и се спроведуваат редовно за да се одржи подготвеноста.
Свет
Израел: Нашата армија не ги закопа Палестинците во масовна гробница во Газа
Телата откриени во масовна гробница во Појасот Газа не биле закопани од израелски војници, туку од Палестинци, соопшти израелската амбасада во Женева.
„Тврдењето дека израелските одбранбени сили (ИДФ) закопале палестински тела е неосновано“, соопшти амбасадата.
„Војниците само ги прегледале телата во гробницата во потрага по израелски заложници, се почитувало достоинството на загинатите, а телата на Палестинците биле вратени на истото место“, се додава во соопштението.
„Прегледот беше извршен внимателно и исклучиво на места каде разузнавачките информации укажуваа на можно присуство на заложници“, соопшти амбасадата.
Палестинскиот тим за цивилна одбрана во Газа извести дека масовна гробница со 283 тела била откриена во близина на болницата Насер во градот Кан Јунис на југот од енклавата.
Според канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк, кој ја повика цивилната одбрана, на некои тела им биле врзани рацете.
Свет
Кина изрази противење на пакетот помош од САД за Тајпеј
Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти Канцеларијата за тајвански работи на кинеското Министерство за надворешни работи.
Пекинг ги повика САД да ја исполнат својата обврска да не ја поддржуваат независноста на кинескиот регион Тајван, како и да прекинат со секаков вид негово вооружување, рече портпаролот на Канцеларијата.
Американскиот Сенат усвои нацрт-закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и кинескиот регион Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари.