Свет
Стотина мигранти заглавени на границата меѓу Мексико и САД
По едномесечното патување низ Мексико, карванот со повеќе од стотина мигранти од централна Америка пристигна до американската граница, каде што треба да одлучат дали илегално ќе преминат во САД, ќе побараат азил на границата или ќе останат во Мексико. Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека карванот од мигранти е закана за безбедноста на САД.
Border Patrol Agents are not allowed to properly do their job at the Border because of ridiculous liberal (Democrat) laws like Catch & Release. Getting more dangerous. “Caravans” coming. Republicans must go to Nuclear Option to pass tough laws NOW. NO MORE DACA DEAL!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) April 1, 2018
Американските погранични власти наведуваат дека некои луѓе се фатени како илегално се обидуваат да се провлечат преку оградата на границата и ги охрабруваат другите да им се предадат на властите, пренесува „Ројтерс“.
„Ние сме многу гостопримлива земја, исто како и вашата куќа, очекуваме сите да влезете на главната врата и искрено да одговорите на прашањата“, изјавил началникот на патролата во Сан Диего, Родни Скот.
Повеќето од групата, околу 400 патници, кои изминативе денови со автобуси стигнале во пограничниот мексикански град Тихуана, рекле дека сакаат легално да побараат азил во Сан Диего. Многумина стравуваат дека ќе бидат разделени од членовите на своите семејства.
Адвокатите од хуманитарните организации им даваат советодавна помош на мигрантите и им кажуваат кои од нив имаат шанса да добијат азил во САД, а другите ги советуваат да останат во Мексико.
Мигранти од Хондурас, Гватемала и Салвадор се на пат долг 3.200 километри, на кој тргнаа крајот на март, наспроти предупредувањата на претеседателот на САД, Доналд Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.