Европа
Стотици Индонезијци на молитва на отворено по земјотресот
Стотици Индонезијци се молеа денеска на улиците на Чианџур, откако земјотресот во кој загинаа речиси 300 луѓе го срамни градот во Западна Јава.
Муслиманскиот свештеник Мухамед Џамхур водеше собраниска молитва на отворено игралиште за одбојка на само 200 метри од џамија чии ѕидови беа испукани, а прозорците искршени во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди градот Чианџур на 21 ноември, на околу 75 километри јужно од главниот град, објави „Ројтерс“.
„По катастрофата сè уште се плашиме, па моравме да се преселиме на теренот за одбојка. Ја замолив заедницата да биде внимателна бидејќи катастрофата може да се повтори“, рече Џамхур.
Стотици последователни потреси го погодија планинскиот регион, а обилните дождови и лизгањето на земјиштето ја забавија испораката на храна, вода и лекови до жителите.
Спасувачките екипи денеска продолжија да ги расчистуваат урнатините за да пронајдат уште околу 40 лица кои сè уште се водат како исчезнати, но надежите да се најдат живи се мали, соопшти агенцијата за помош при катастрофи.
Индонезија е една од најзагадените области во светот, потсетува британската агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.