Свет
Сто заразени на американски носач на авиони: „Не сме во војна, морнарите не мора да умрат“
Капетанот на американскиот наосач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош поради појавата на коронавирус на неговиот брод.
„Не сме во војна, морнарите не мора да умрат. Ако не постапиме веднаш, не се грижиме за највредната работа што ја имаме – нашите морнари“, напишал капетанот Брет Крозер во писмото испратено до Пацифичката флота на морнарицата на САД, потврди Си-ен-ен.
„Ширењето на болеста е во тек и се забрзува“, додал Крозер.
Тој препорачува целиот екипаж да биде ставен во карантин.
„Потребнa е одлучна акција. Извлекувањето на персоналот од нуклеарен носач на авиони и нивно изолирање на две недели може да изгледа како вонредна мерка. Но, тоа е неопходно за безбедноста на нашите морнари“, пишува капетанот додавајќи дека над 4.000 млади мажи и жени на бродот се непотребно изложени на ризик.
Писмото на капетанот првпат го објави „Сан Франциско хроникал“. Според весникот, најмалку сто морнари се заразени со вирусот.
Крозер исто така во писмото вели дека и покрај ситуацијата со коронавирус, бродот е подготвен за борба.
Морнарицата повеќе не го пријавува бројот на позитивни случаи на Ковид-19 на своите бродови.
Некои аналитичари сметаат дека Стејт департментот не сака да го каже вистинскиот број на заразени бидејќи Кина и Северна Кореја би можеле да ја искористат ранливоста на бродот за воени маневри.
Според планот, бродот требаше итно да се закотви во пристаништето на американската територија Гуам, но на никој од морнарите нема да му биде дозволено да го напушти пристаништето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.