Свет
Студија: Една доза од „астразенека“ и „фајзер“ значително го намалува ризикот за зараза со коронавирусот
Ризикот едно лице да се зарази со коронавирусот е значително помал по примaње на една доза од вакцините на „Астразенека“ и на „Фајзер“, покажа британско истражување.
Вакцината дала добар одговор кај луѓе постари од 75 години, лица кои имаат хронични болести, како и кај други.
Британската Служба за национална статистика (ОНС) и Универзитетот во Оксфорд утврдија уште посилен имунолошки одговор кај сите луѓе по две дози.
Истражувачите, поделени во две студии кои сè уште не се прегледани и објавени, ги темелеле своите резултати врз основа на тестови за коронавирусот кај 370.000 луѓе во Велика Британија, што е најголемата студија досега.
Во првата студија, луѓето кои биле вакцинирани со една доза „астразенека“ или „фајзер“ имале 65 проценти помали шанси да се разболат од Ковид-19.
Три недели по првата доза, почнувајќи од декември 2020 година и почетокот на април 2021 година, бројот на симптоматски инфекции паднал за 74 проценти, додека бројот на асимптоматски инфекции паднал за 57 проценти.
Луѓето кои примале две дози „фајзер“ имаат 90 проценти помали шанси да бидат заразени со коронавирусот, но процентот не може да се утврди за „астразенека“ затоа што малку луѓе учествувале во студијата, со оглед на тоа што интервалот меѓу двете дози е 12 недели, а и вакцинирањето со овој лек почна подоцна.
Студијата покажа дека и двете вакцини се ефикасни против британската мутација на коронавирусот.
Д-р Коен Паулс, истражувач на Универзитетот во Оксфорд, вели дека податоците ја поддржуваат одлуката за продолжување на јазот помеѓу дозите.
„Заштита од нова зараза добиена со единечна доза ја поддржува одлуката да се продолжи времето помеѓу првата и втората доза на 12 недели со цел да се зголеми првичната покриеност на вакцинацијата и да се намали бројот на хоспитализации и смртни случаи“, вели тој.
Сепак, нагласува дека податоците покажуваат оти сè уште постои можност вакцинираните лица повторно да се заразат со Ковид-19 и да ја пренесат заразата на други лица, нагласувајќи дека е потребно да се одржува физичка дистанца и да се носи маска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Еди Рама оттурна новинарка, не му се допадна прашањето што му го постави
Албанскиот премиер Еди Рама за време на прес-конференцијата ја оттурна новинарката бидејќи, според локалните медиуми, не му се допаднало прашањето што таа му го поставила.
Како што пренесува „Газета 10“, Еди Рама ја турнал репортерката на телевизијата СИРИ откога таа му поставила прашање.
Наводно новинароката го прашала премиерот „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, а во сегашното пристаниште Драч се продаваат станови на приватни инвеститори“.
По тоа, дошло до физички контакт, а сè се случило додека бил опкружен со новинарски екипи.
A disgusting, yet no surprising gesture of #Albania PM, @ediramaal harassing a female journalist today. pic.twitter.com/0DFuUOzDwX
— Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) March 19, 2024
„Ве молам, не допирајте ме повеќе“, рекла новинарката додека Рама си заминувал по инцидентот, пренесува „Блиц“.
Свет
Во Мексико нападната шефицата на полицијата на автопат, ѝ ја отсекле главата
Мексиканските власти вчера објавија дека една шефица полицајка и нејзините двајца помошници биле убиени при напад на автопат во државата Мичоакан. Агенцијата за државна безбедност на социјалните мрежи објави дека тројца полицајци биле убиени за време на должноста во неделата вечерта, пишува „Си-би-ес њуз“.
Меѓу нив беше и Кристал Гарсија Хуртадо, регионален полициски командант. Локалните медиуми јавија дека напаѓачите ѝ ја отсекле главата.
„Го осудуваме кукавичкото убиство на нашите колеги од полицијата, кои беа брутално нападнати додека ја извршуваа својата должност“, се вели во објавата на социјалните мрежи, во која се идентификувани другите две жртви како Ицел Мадеро Лареа и Давид де Хесус Еспиноза Валдез.
Нападот се случил на автопатот што ги поврзува градовите Пацкуаро и Уруапан. Државното обвинителство на Мичоакан, кое ја води истрагата, веднаш не го коментира инцидентот. Мичоакан има голем проблем со конфликтите меѓу бандите. На почетокот на овој месец тројца земјоделци беа разнесени со бомба.
Тоа се случи само неколку дена откако претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор призна дека импровизирана експлозивна направа убила најмалку четворица војници, во, како што рече, стапицата што веројатно ја поставил картелот Мичоакан. Во февруари двајца кандидати за градоначалник на градот Мараватио беа убиени за неколку часа еден од друг.
Свет
Лојд Остин: Нема да дозволиме Украина да пропадне
Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, на состанокот на контакт-групата за одбрана на Украина изјави дека Вашингтон нема да дозволи Украина да пропадне.
„САД нема да дозволат Украина да пропадне. Оваа коалиција нема да дозволи Украина да пропадне“, рече Остин на почетокот на состанокот на претставниците на 50-те земји, кои обезбедуваат воена помош за Украина, пренесува „Ројтерс“.
Средбата се одржува во американската воена база во Рајмштајн, Германија.