Свет
Сè уште нема консензус помеѓу Нетанјаху и САД за анексијата на Западен Брег
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, допрва треба да ги утврди деталите со САД, како и со алтернативниот премиер Бени Ганц во врска со неговите планови за анектирање делови од Западен Брег и долината на Јордан, пренесува израелското „Армиско радио“.
„Има недоречености меѓу Американците и нас за ова прашање и помеѓу нас и нашиот постар партнер во владата, Сино и бело. Сè уште нема договорена мапа за ова прашање. Таа треба да биде договорена од делови на (израелската) владата и од американската страна“, изјави министерот за прашања на населбата, Ципи Хотовели, кој штотуку е назначена за амбасадор во Велика Британија.
Ганц го поздрави широкиот дијалог по ова прашање од страна на меѓународната заедница. Претставникот на ЕУ за палестинските територии, Свен Кун фон Бургсдорф, рече дека ако се случи анексијата, ќе има последици врз односите меѓу Израел и ЕУ.
Ганц во четвртокот рече дека разговарал со шефот на ЕУ за надворешна политика, Џозеф Борел, и нагласи дека ќе работат преку дипломатски канали на одржување отворен дијалог со европската заедница и со регионалните партнери правејќи сè што е потребно за да се заштити безбедноста на Израел. Тој не го спомна прашањето за анексија.
Во меѓувреме, повеќе од 100 експерти за меѓународно право потпишаа писмо во кое го повикуваат Нетанјаху да продолжува со оваа идеја нарекувајќи ја флагрантно кршење на правилата на кои се темели меѓународното право и сериозна закана за меѓународната стабилност во проблематичниот регион.
Нетанјаху вети дека ќе почне со анексијата со благослов на САД на 1 јули, датумот означен во неговиот договор за коалиција со Ганц. Сепак, официјалните лица велат дека во првата фаза премиерот, веројатно, ќе објави анексија само на трите големи еврејски населби – Меале Адумим, Ариел и Гуш Ецион, без да ги чепка засега долината на Јордан или остатокот од Западен Брег.
Овие три области се во рамките на поширокиот консензус како во Израел така и во САД за ставање под израелскиот закон. Властите велат дека одлуката да се фокусираат на помалку спорните области ги зема предвид односите на Јордан со САД.
Претхоно неделава, палестинскиот премиер, Мохамед Штајхе, предупреди дека ако Израел продолжи со плановите, Палестинците еднострано ќе прогласат држава заснована на линиите пред 1967 година. Но, Палестинската Самоуправа не успеа да организира протести против анексијата успевајќи да привлече едвај 200 луѓе на протестот во Рамалах.
Мировниот план на администрацијата на Трамп предвидува Израел да анектира 30 отсто од Западен Брег и долината на Јордан. Исто така, предвидува демилитаризирана палестинска држава основана на поголемиот дел од Западен Брег со делови од источен Ерусалим, кои се наоѓаат надвор од израелската безбедносна ограда како нејзин главен град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.