Свет
Тажен крај на потрагата во бунарот- извлечено мртвото тело на двегодишното дете во Шпанија
Спасителите во Шпанија го пронајдоа телото на двегодишното дете кое падна во бунар кај местот Тоталан во близина на Малага, објавија агенциите. Малиот Јулен пропадна во длабокиот и тесен бунар на 13 јануари. Специјални тимови изминативе две недели се обидуваа да го извлечат телото на детето, а родителоте се надеваа дека тоа ќе биде пронајднео живо.
Специјални тимови работеа деноноќно во тунелот кој беше ископан паралелно со тесниот бунар во кој падна детето, додека си играло на село, каде било за викенд со неговите родители. Неговото тело е пронајдено по полноќ кога спасувачките екипи допреле длабоко во бунарот каде се наоѓал малиот Јулен.
Ископаниот бунар бил широк само 25 сантиметри. Работниците иако требале да го затворат, го оставиле незаштитен по градежните зафати. Такви дупки се отвараат во потрага по вода или нафта.
Спасителите претходно пронајдоа коса од детето меѓу остатоците од кал кои беа издадени од бунарот, која беше споредувана до ДНК примероци од шишето од кое пиело детето, за да се потврди неговиот идентитет. Иако родителите се надеваа на чудо, прогнозите не беа добри. Детето за сето време на спасувачката акција не давало знаци дека е живо.
Родителите веќе доживеале семејна трагедија, кога пред неколку години го изгубиле и првото дете. Нивниот син Оливер починал на тригодишна возраст ненадејно, поради проблеми со срцето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.