Свет
Талибанците забранија протести и масовни собири
Неколку протести за слобода беа откажани денеска во Кабул откога беа забранети од страна на новата талибанска влада, која се обидува да го зацврсти своето фундаменталистичко владеење, што западните земји го следат со загриженост.
Деновиве неколку собири со стотици учесници во одбрана на слободата беа растурени од вооружени талибански борци, особено во главниот град Кабул, Мазар-и-Шариф, Фаизабад и Херат, каде што две лица беа убиени, а неколку беа ранети од истрели од огнено оружје.
Во средата вечерта новата талибанска влада, назначена ден претходно, издаде декрет со кој се бара од Министерството за правда да го одобри секој најавен собир во иднина, а досега немало такви, тврдат од таму. На овие собири талибанците тепале и уапсиле десетици луѓе, демонстранти и новинари.
Денеска наутро многу повеќе вооружени талибански борци можеле да се забелажат на улиците во Кабул отколку во претходните денови, вклучително и специјалци во маскирна униформа, кои стоеле на раскрсниците и на контролни пунктови, кои го следат сообраќајот на главните патишта.
Во Кабул, организаторот на собирот, кој требаше да се одржи утрово пред зградата на Амбасадата во Пакистан, земја блиска до талибанците, која дел од авганистанското население ја обвинува за управување од далечина, за АФП изјавил дека митингот на крајот бил откажан поради новите прописи.
Во вторникот талибанците пукале во воздух за да го растераат собирот организиран на истата локација. Во друг дел од градот дописници на агенцијата „Франс прес“ не виделе никого на местото каде што требало да се одржи вториот собир во текот на утрото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.