Свет
Талибанците им наредија на владините функционери: Или носете брада или отказ
Авганистанските талибанци наредија сите вработени во владата да носат брада или ќе бидат отпуштени, потврдија три извори за „Ројтерс“.
Претставници на Министерството за промоција на доблестите и спречување на пороците од денеска веќе почнаа да ги посетуваат државните служби за да проверат дали сите вработени се придржуваат до новите правила.
Талибанците исто така пропишаа строг кодекс на облекување, а државните службеници ќе треба да носат долга, широка туника и панталони и турбан или капа. Покрај тоа, тие мора да се молат во одредено време во текот на денот.
Минатата недела талибанците им забранија на жените да летаат доколку немаат машка придружба, а на средношколките сè уште не им е дозволено да се вратат на училиште. Во неделата тие наредија дека сите забавни паркови мора да вршат сегрегација врз основа на пол, што значи дека семејствата повеќе не може да одат на тие места заедно.
Според распоредот на Министерството, жените од недела до вторник ќе може да одат во забавните паркови во и околу Кабул и ќе мора да носат исламски хиџаб, а мажите ќе може да се забавуваат од среда до сабота.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден го потпиша законот: „Тик-ток“ има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на „Тик-ток“ во САД, доколку „ByteDance“, кој е сопственик на „Тик-ток“, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.
Портпаролот на „Тик-ток“, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат овој закон на суд, што би можело дополнително да ги одложи роковите, доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.
Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи „ByteDance“ да го продава „Тик-ток“, а особено неговиот алгоритам кој ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.
Директорот на „Тик-ток“, во видео порака го изразува своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.