Свет
Талибанците презедоа одговорност за нападот врз авганистанскиот тренинг-центар
Талибанците презедоа одговорност за бомбардирањето на воениот центар за обука во провинцијата Хелманд во неделата, пренесува РТ.И покрај неуспешниот мировен процес, милитантното движење го обвинува Кабул дека ја забавува договорената размена на затвореници.
„Десетици припадници на непријателските сили беа убиени и повредени во нападот“, вели Кари Јусуф Ахмеди, портпарол на Талибанците, осврнувајќи се на бомбашкиот напад во неделата.
Во нападот со камион бомба во округот Нахри Сараџ, на југот од земјата, беа убиени најмалку пет припадници на авганистанските безбедносни сили, пренесе „ТОЛО њуз“, повикувајќи се на канцеларијата на провинцискиот гувернер.
Според извор од безбедносните кругови, експлозијата ја уништила базата и загинале дури 18 лица.
Ова е најновата епизода на насилство меѓу долгогодишните завојувани страни, кои би требало да бидат во мировни преговори по договорот потпишан од САД и Талибанците кон крајот на февруари. Талибанците велат дека владата не ослободила илјадници затвореници, што им било ветено на бунтовниците според условите на договорот.
По потпишувањето на договорот имаше почетен период со намалено насилство, но нападите се засилија оттогаш. Сè поголемата напнатост меѓу Талибанците и САД, што веројатно може да го поттикне Кабул да ги забрза работите, излезе во јавност минатата сабота во редок директен судир на Твитер.
Сони Легет, портпарол на американските сили во Авганистан, повика на деескалација, велејќи: „Нападите создаваат напади, додека воздржаноста создава воздржаност“.
Претставникот на Талибанците, Забихулах Муџахид, возврати на твитот, нарекувајќи ги ваквите изјави непромислени и провокативни и побара од САД да ги исполнат своите обврски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.