Свет
Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот на резиденцијата на авганистанскиот министер
Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот врз резиденцијата на авганистанскиот министер за одбрана, Бизмилах Кан Мохамади, во Кабул.
Во нападот загинаа осум лица, а повеќе од 10 беа повредени.
Портпаролот на талибанците, Забиула Муџахид, изјави дека цел на оваа организација била резиденцијата на министерот, каде што, како што рече, се одржувал важен состанок, пренесува „Ројтерс“.
Video: TOLOnews’ Hasiba Atakpal reports from the scene of Tuesday’s attack on the residence of the acting defense minister. #Afghanistan pic.twitter.com/BMxGPkpxMK
— TOLOnews (@TOLOnews) August 4, 2021
Полицијата претходно соопшти дека авганистанскиот министер не бил дома кога бил активиран автомобил бомба и било пукано во близина на неговата резиденција во утврдената зелена зона во Кабул.
Неговото семејство било безбедно евакуирано, а четворица напаѓачи се меѓу осумте жртви во судирот што следуваше потоа.
Во друга експлозија недалеку од објектот на авганистанската безбедносна агенција во главниот град Кабул, денеска беа ранети двајца цивили и еден службеник во обезбедувањето.
Нападите се случуваат во време на борби меѓу владините сили и талибанците во повеќето авганистански градови, а Советот за безбедност бара итен прекин на насилствата откако ОН соопштија дека најмалку 40 цивили се убиени во провинцијата Лашкар Гах во претходните 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.