Свет
Татко и две деца од Британија се удавија во базен во Шпанија
Тројца членови на британско семејство, татко и две деца, се пронајдени мртви вчера во базен во одморалиштето Коста дел Сол, на југот на Шпанија, каде што престојувале.
Андалузиската регионална влада објави на „Твитер“ дека полицијата стигнала на местото на несреќата. Таму ги пронашла телата на 53-годишен маж и две деца на возраст од 9 и 16 години како лебдат на површината на водата во базенот.
„Полицајците утврдиле дека тие се мртви и не можеле да направат ништо за да им помогнат“, се вели во објавата и се додава дека полицијата го истражува инцидентот.
Психолози се упатени на местото на настанот за да помогнат на другите членови на семејството на починатите.
Очевидци рекле дека таткото и 16-годишниот син скокнале во водата за да ја спасат ќерката која се давела, но на крајот сите се удавиле.
На ресортот Коста дел Сол има неколку базени, скокалници и разни реквизити за забава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.