Свет
Татко си ја убил 16-годишната ќерка мислејќи дека е провалник
Во семејна трагедија во Колумбус, Охајо, татко си ја убил 16-годишната ќерка бидејќи мислел дека во куќата има провалник.
Трагедијата се случила околу четири и пол часот наутро кога девојката дошла дома, но не го исклучила алармот. Таткото се разбудил и мислејќи дека е провалник, ја застрелал ќерката.
Мајката потоа повикала полиција, а на снимката од разговорот се слушало како тој очајно ја повикува ранетата ќерка да се освести.
Брзата помош го пренела девојчето во болница, но таа набргу починала.
Полицијата соопшти дека е отворена истрага и дека досега не е поднесено обвинение против таткото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.