Свет
(Видео) Тајфунот Муифа ја погоди Кина, повеќе од милион евакуирани
Силни ветрови и обилни дождови го зафатија источниот брег на Кина, а тајфунот Муифа предизвика превентивна евакуација на повеќе од милион луѓе и откажување на летовите во Шангај.
Сепак, властите не пријавија смртни случаи, повредени или поголема штета, делумно поради тоа што беа преземени бројни превентивни мерки.
Муифа е најсилниот тајфун што го погодил Шангај, најнаселен кинески град со 25 милиони жители, од 1949 година, објави државната телевизија CCTV.
Поради ризикот од поплави или оштетување на домовите, над 400.000 Шангајци се евакуирани на безбедно како мерка на претпазливост, како и 1,26 милиони жители на соседната крајбрежна провинција Жеџијанг.
Кинеските медиуми објавија снимка од шангајската полиција во флуоресцентни жолти униформи како оди од врата до врата во старите населби, помагајќи да се евакуираат жителите и да ги сместат во спортски сали.
Тајфунот Муифа во четвртокот вечерта падна на копно во Шангај. Управата на двата главни градски аеродроми, Пудонг и Хонгчиао, веќе најави откажување на сите летови во средата навечер поради приближувањето на тајфунот.
Откажани се вкупно 665 летови од метрополата, објави CCTV.
Тајфунот продолжува да се движи кон север по должината на брегот на источна Кина. Моментално се наоѓа во провинцијата Џиангсу, северно од Шангај.
Неговата сила „постепено ќе слабее“ со ветрови што сега дуваат само „околу 90 км/ч“, објави Националната метеоролошка служба.
Chasing Typhoon #Muifa today in Zhoushan, Zhejiang Province where it made landfall. Encountered the NW part of the intense eyewall, truly insane, cars shaking violently, maximum sustained winds close to 60knots with peak winds near 85knots. pic.twitter.com/lKHtVLwDMR
— Eric Wang (@Ericwang1101) September 14, 2022
Typhoon "Muifa" has gone , the weather turns better, efforts are being made to drain water,people are being careful about traffic pic.twitter.com/ZAZROyb4AH
— Bella (@chenyue37251956) September 15, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.