Свет
Тексас е првата американска држава со над милион заразени
Тексас е првата американска држава во која бројот на заразени со коронавирус надмина еден милион.
Во целата земја, веќе три пати за помалку од една недела се потврдени над 100.000 нови случаи на ден, пренесува „Ројтерс“.
Да беше посебна држава, Тексас ќе беше рангиран на десеттото место во светот по вкупниот број на луѓе кои заболеле од Ковид-19. Оваа сојузна американска држава држи над десет проценти од вкупниот број случаи на коронавирус во САД.
Според статистиката на „Ројтерс“, просечниот дневен број на нови инфекции во Тексас минатата недела бил околу 8.000, што е најголем во САД во споменатиот период, по што следи Илиноис со двојно помалку пријавени нови случаи на ден.
САД се најтешко погодени од пандемијата во светот, со над 9,9 милиони потврдени случаи и повеќе од 235.000 починати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.