Свет
Тестирани повеќе од 1.000 лица во Северна Кореја, нема заразени
Во Северна Кореја досега биле тестирани повеќе од 1.000 лица на коронавирус, меѓу кои немало заразени, потврди претставникот на СЗО, Едвин Салвадор, пренесува Си-ен-ен.
Во Северна Кореја 1.211 лица биле тестирани на коронавирус од 16 јуни, а сите резултати биле негативни.
Сите образовни институции во оваа земја, вклучително и градинките, во моментот се на продолжен летен одмор, кој ќе трае во наредните два месеца.
Во карантин се 696 лица, работници во пристаништето Нампо на западниот дел на брегот и на преминот Синуидзу-Дангдонг, кој се наоѓа на границата меѓу Кина и Северна Кореја, рече Салвадор.
Зголемувањето на бројот на луѓе во карантин е последица на зголемениот обем на стока во пристаништето Нампо и на граничниот премин Синуидзу-Дандонг. Приоритет во транспортот на стоки е даден на лекови, вакцини и медицински производи поврзани со Ковид-19, изјави претставникот на СЗО во Северна Кореја.
Претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, минатата сабота свика итен состанок кога дезертер се врати во земјата по три години, за кој се претпоставува дека е заразен со коронавирус, јави државната новинска агенција КЦНА.
Мал број експерти веруваат дека Северна Кореја, земја во која живеат речиси 25 милиони луѓе и која се граничи со Кина, може да ги избегне последиците од пандемијата која инфицира повеќе од 16 милиони луѓе и од која починаа речиси 650.000 луѓе во целиот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.