Свет
Техеран среде пандемија американските санкции ги нарече медицински тероризам
Во колумна за весникот „Комерсант“ иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, ги нарече „едицински тероризам американските санкции врз Иран во услови на пандемија на коронавирусот, пренесува ТАСС.
Според Зариф, Иран има силен здравствен систем, но благодарение на нелегалното блокирање на изворите на приход на Иран од страна на САД, пристапот на Техеран до лекови и до медицинска опрема станува невозможен.
„Ова води до хуманитарна катастрофа. Иако Иран е земја со богати фосилни резерви, вклучувајќи нафта и гас, благодарение на санкциите воведени од САД нема извори на финансирање неопходни за да се обезбеди помош на луѓето што страдаат од коронавирус. Антииранските санкции исто така забрануваат набавка на лекови и медицинска опрема од страна на иранската влада. Ограничувања во банкарскиот и финансискиот сектор, наметнати против Иран, му штетат на хуманитарниот увоз. Поради американските закани, производителите на европски медицински уреди не тргуваат со Иран и не ни продаваат медицинска опрема и лекови“, напиша Зариф.
Иранскиот министер истакна дека САД спроведуваат економски и медицински тероризам против Иран во разни форми.
„Од правна гледна точка ваквите активности не се само тероризам против Иран, туку се и кривично дело против човештвото и глобалната заедница. Во сегашниот чувствителен момент, единствената работа што Америка може да ја направи е да не ја спречува иранската борба против коронавирусот и да не се наруши испораката на меѓународна помош“, истакна Зариф.
„Ова е време кога глобалната заедница мора да ја игра својата реална улога, да го повиши својот глас. Глобалната заедница мора да се освести и да му помогне на Иран за да се запре економскиот, медицинскиот и тероризмот со дрога“, заклучи министерот.
Според најновите податоци, во Иран има повеќе од 38.000 заразени со Ковид-19, а бројот на смртни случаи достигна 2.640.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија ги повлекува војниците од Нагорно Карабах
Руските воени мировни трупи се повлекуваат од Нагорно-Карабах, потврдија официјални лица од двете земји.
Руските мировници се таму од крајот на ерменско-азербејџанската војна во 2020 година.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги потврди извештаите за повлекувањето пред новинарите, но не даде детали.
Веста за повлекувањето ја потврди и азербејџанскиот министер за надворешни работи Хикмет Хаџиев, додавајќи дека двете земји се договориле за тоа.
Хаџиев не објасни зошто војниците се повлекуваат, но се чини дека нивното присуство е излишно откако Азербејџан ја врати целосната контрола врз регионот минатата година.
Во првата половина на 1990-тите, Нагорно-Карабах беше во фокусот на меѓуетничката војна по распадот на Советскиот Сојуз, во која и Ерменија и Азербејџан беа федерални единици.
Тој регион тогаш беше под целосна контрола на бунтовничките Ерменци до војната во 2020 година, кога Азербејџан ја врати контролата врз некои од неговите делови. Таа војна заврши со прекин на огнот и распоредување на 2.000 руски војници во деловите на Нагорно-Карабах кои останаа под ерменска контрола.
Свет
Стопирани сите летови на „Алјаска ерлајнс“ во САД
Американската федерална управа за авијација (ФАА) денеска издаде препорака за стопирање на летовите на „Алјаска ерлајнс“, пишува „Ројтерс“.
Не е наведена причината за приземјувањето.
„Си-ен-би-ес“ објави дека системот на авиокомпанијата што се користи за сметање на тежината и рамнотежата за летови не работи правилно.
Алјаска ерлајнс и ФАА не одговорија веднаш на барањата за коментар.
Како одговор на поплаките од патниците на социјалната мрежа „Икс“, авиокомпанијата соопшти дека работи на тоа што поскоро да ги внесе патниците во авионот.
Свет
Нетанјаху им порача на Велика Британија и на Германија: Израел сам ќе донесе свои одлуки
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел сам ќе донесе одлуки.
„Сите тие имаат различни предлози и совети. Јас го ценам тоа. Но, сакам да биде јасно – ние самите ќе ги донесеме нашите одлуки, а израелската држава ќе направи се што е потребно за да се одбрани“, рече Нетанјаху по состанокот со британските министри за надворешни работи и Германија, пишува Гардијан.
Претходно денеска британскиот министер за надворешни работи Џејмс Камерон изјави дека дошол на состанокот за да се солидаризира со Израел, но и дека се надева дека неговиот одговор на иранскиот напад ќе биде „паметен и што е можно поограничен“, пренесе Би-Би-Си.