Свет
„Техеран тајмс“: Aмериканската надворешна политика се дава под наем на највисокиот понудувач
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, изјавил дека американската надворешна политика се „дава под наем“ и секоја лобирачка група која е подготвена да плати повеќе може да ги придвижи САД кон сопствените цели, објавува „Техеран тајмс“.
Коментирајќи го неодамнешниот антиирански говор на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, тој рекол дека истиот е „бесмислен, срамен и нелогичен“ и затоа не заслужува реакција.
„Владата на САД стана затвореник на сопствените илузии, но исто така е и затвореник на корумпирани лоби групи, кои ѝ се откриваат на јавноста секој ден“, додал иранскиот министер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.