Свет
Товарен брод со меѓународен екипаж киднапиран во Бенин
Товарниот брод „Томи Ритшер“, кој плови под португалско знаме, бил заземен од неидентификувани лица кај крајбржјето на Бенин, во понеделникот вечерта, објави службата „Драјад глобал“, која се занимава со безбедносни прашања на поморската навигација, пренесува ТАСС.
Според организацијата, мултинационалниот екипаж на бродот вклучува државјани на Русија, Украина, Филипини и на Бугарија. Единаесет членови на екипажот успеале да се сокријат во специјалната армирана кабина, а осуммина веројатно се заробени од напаѓачите.
Според „Драјад глобал“, нигериските власти испратиле патролен брод до пловилото. Барањата на напаѓачите сè уште не се познати. Руската амбасада во Бенин и Того останува во контакт со морнарицата на Бенин и администрацијата на пристаништето Котону за инцидентот.
„Околу 7-8 членови на екипажот се држат како заложници на бродот, а меѓу нив може да има и Руси. Амбасадата, од своја страна, ги верификува овие информации“, соопшти руската амбасада на својата страница на „Фејсбук“.
„Амбасадата го следи развојот на ситуацијата и одржува близок работен контакт со поморската команда на Бенин и администрацијата на градското пристаниште во Котону“.
Според дипломатите, бродот во моментот е блокиран од патролни чамци на морнарицата на Бенин во територијалните води на земјата. Веројатно, бродот го зазеле пирати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.