Свет
Токио со протестна нота до Москва и Сеул по инцидентот над Јапонското Море
Токио вложи дипломатски протест до Москва и Сеул по инцидентот со руски воен авион кој летал над Карпите Лианкурт, територија во Јапонско Море над која си ги оспоруваат правата на Јапонија и Јужна Кореја, пренесува „Спутник“.
„Оваа територија ѝ припаѓа на нашата држава и ваквите дејства се неприфатливи”, се вели во текстот на протестната нота, пренесува новинската агенција „Кјодо“.
Генералштабот на армијата на Јужна Кореја претходно наведе дека рускиот контролен авион А-50 двапати незаконски преминал во јужнокорејскиот воздушен простор над Јапонското Море и дека јужнокорејски ловци Ф-16 пукале за предупредување.
Според извештаите на медиумите, инцидентот се случил неколку часа откако два руски стратешки бомбардери „Ту-95МС3“ и два кинески авиони влегле во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Јужна Кореја.
Во вторникот руското Министерство за одбрана ги отфрли тврдењата на Сеул дека „Ту-95МС“ го прекршиле јужнокорејскиот воздушен простор, истакнувајќи дека ловците од Јужна Кореја извеле непрофесионални маневри и го вкрстиле курсот со руските авиони, загрозувајќи ја нивната безбедност. Министерството не спомена ниту еден авион А-50.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка, загинаа 45 лица
Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.
Министерството објави дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земјата и се запалило.
Автобусот превезувал луѓе од Боцвана до Морија, град во Лимпопо.
Спасувачките операции продолжија до доцна денеска.
Некои тела изгореле до непрепознатливост, а некои патници останале заробени во урнатините на автобусот, соопштија сообраќајните власти во Лимпопо.
Регион
Барале 25.000 евра за да дадат информации за исчезнатото девојче: детали за апсењето на три лица во БиХ
Припадниците на полицијата привеле три лица, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија.
„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија од нејзина надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, Сараево“, беше потврдено и кои се сомничат дека имале сознанија за исчезнување на малолетно девојче од Србија.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа, ги лоцирале по пат на ИП адреса лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче, односно барале 25.000 евра за откривање информации.
„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за лицата лишени од слобода е во тек“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.
Девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.
Оттогаш, потрагата по неа трае, а во Србија за прв пат е активиран системот амбер алерт.
Свет
(Видео) Руски борбен авион се урна кај Севастопол
Рускиот борбен авион Су-27 денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, а веста ја потврди и регионалниот гувернер Михаил Развозаев.
„Пилотот безбедно се катапултирал, а спасувачите на севастополската спасувачка служба го подигнале на оддалеченост од двесте метри од брегот. Цивилните објекти не се оштетени“, објави Развозаев на својот официјален канал.
Ein russischer Su-27 „Luftüberlegenheitsjäger“ ist vor der Küste Sewastopols brennend ins Meer gestürzt.
Russisches Militär behauptet Stock und Stein, dass es sich um einen „technischen“ Unfall und keinen versehentlichen Abschluss handelt.
Naaa ja. pic.twitter.com/8cWoc7jp4W— Julian Röpcke🇺🇦 (@JulianRoepcke) March 28, 2024
Се уште нема потврда како и зошто дошло до овој инцидент.
Медиумите првично објавија дека се урнал авионот Су-35, но се потврди дека се работи за моделот Су-27. Како што може да се види на снимката од несреќата, авионот се вртел во пламен на небото додека не паднал директно во Црното Море.