Свет
Трамп: Во следните 24 часа ќе објавиме соопштение за Исламска држава
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вечерва изјави дека во наредните 24 часа ќе биде издадено соопштение за „калифатот“ Исламска држава, додека џихадистите продолжуваат да се борат за да ги задржат последните мали упоришта во Сирија.
„Имаме неколку извонредни најави за Сирија и нашиот успех за искоренување на калифатот. Тоа ќе биде соопштение во следните 24 часа“, изјави Трамп во Белата куќа.
Американскиот претседател неодамна рече дека наскоро ќе биде соопштен крајот на самопрогласениот калифат.
Арапско-курдската коалиција која има поддршка од САД се бори против џихадистите на истокот во Сирија, каде Исламска држава има мал дел од територијата под своја контрола.
Трамп во декември најави повлекување на американските војници од Сирија, што предизвика загриженост во западните земји кои сметаат дека крајот на калифатот не значи и крај на заканите на Исламска држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Багер пристигна пред куќата на исчезнатата Данка: полицијата го блокираше пристапот
Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, додека пред неа пристигнал багер, објави српски Телеграф.
Според медиумот, се уште нема официјални информации зошто е донесен багер, а нивниот репортер јавува дека полицијата отвора шахти околу куќата на семејството Илиќ.
Како што пренесуваат, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.
2-годишната Данка исчезна во моментот кога нејзината мајка му давала вода на друго дете. Носела виолетови панталони, маслинеста јакна, а косата и била врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Abber Alert наречен „Најди ме“.
По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи, како и бројни мештани. По 27 часа српската полиција го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поле.
Регион
Што се случи на денот кога исчезна малата Данка, првата сосетка раскажува
Живанка Трајковиќ од Бањско поле, првата сосетка на семејството Данка Илиќ (2) која исчезна пред три дена, раскажа што се случило на денот кога исчезна девојчето.
– Беше емотивно за сите нас. За сите граѓани. Таткото плачеше, бабата, дедото. Тие беа многу потресени. Не ја познавам мајката, па не знам дали ја видов. Луѓето плачеа, плачев и јас. Беше тешко и жално за сите“, вели таа.
Сосетката вели дека семејството на исчезнатото девојче не живее во селото каде што исчезнало, туку дека дедото доаѓа повремено.
-Тој ден мајката дојде да ги однесе децата на излет. Сега… не знам што се случи. Имаше малку сонце, ветровито – го опишува денот кога исчезна Данка и продолжува:
– Полицијата дојде. Кога слушнав дека девојчето исчезнало, се зачудив. Зошто овде? Како? Мирно е, тивко е… Јас сум првата куќа до нив. Видовме дека има некој во шумата, во нивниот дел, но не обрнавме внимание. Ја работевме нашата работа што ја работевме. И не обрнувавме внимание додека не не праша полицијата. Да, теренот е непристапен. Има дупки, има секакви работи. Некои подземни води, има и поток. Сосема е нелогично каде отиде девојчето. Некој од соседството рече дека ја виделе токму таму пред нашата врата. Таму имаме песок, децата сакаат песок. Сигурно ќе останеше некоја трага. Сепак, не најдовме никаква трага. Ништо не видовме“, рече сосетката.
Свет
ОН: Две третини од 36-те болници во Газа повеќе не функционираат
Две третини од 36-те болници во Појасот Газа повеќе не функционираат, а болницата Ал-Амал е затворена поради интензивна воена активност, се вели во извештајот на хуманитарните претставници на Обединетите нации.
Светската здравствена организација објави дека Газа сега има само 12 функционални болници, вклучувајќи две „минимално функционални“ и десет делумно, четири на север и шест на југ, изјави за новинарите портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.
Повеќе од дваесет вработени, десет пациенти и луѓе кои ги придружуваа, како и телата на две лица, убиени во болницата Ал-Амал вчера беа преместени од страна на хуманитарната канцеларија на ОН, палестинската Црвена полумесечина и Меѓународниот комитет на Црвениот крст пред да биде затворена болницата.
Андреа Де Доменико, кој раководи со хуманитарните операции на ОН на палестинските територии, ја посети болницата Камал Адван на север, која е делумно функционална, и рече дека прима 15 неухранети деца дневно и дека се бори да продолжи да работи.
Портпаролот на ОН рече дека единствениот генератор на болницата е тешко оштетен и дека здравствените работници и пациентите имаат очајна потреба од храна, вода и канализација.
Според Светската програма за храна, околу 70 отсто од населението на северот на Газа се соочува со „катастрофален глад“, а напорите за испорака на помош се отежнати поради борбите и ограничениот пристап до оние на кои им е потребна храна.
Овој месец, Светската програма за храна можеше да испрати само 11 конвои на север со храна за околу 74.000 луѓе, што е далеку под огромните потреби на населението.
Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека убила повеќе од 200 вооружени лица во континуираната операција против Хамас во болницата Ал-Шифа во градот Газа.
Според израелските медиуми, вооружени членови на Хамас излегле од оперативната сала каде се криеле и пукале во војниците.