Контакт

Вести

Трамп го потпиша новиот указ за имиграцијата

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп, како што беше претходно најавено, во понеделникот го потпишал новиот извршен указ за влегувања на странски државјани на територијата на САД, кој е изменет за разлика од првиот кој предизвика контроверзии и беше суспендиран од сојузниот суд, и во кој се изземени државјаните на Ирак.

dobivaj vesti na viber

 

Новиот имиграционен указ на американскиот претседател стапува на сила на 16-ти март, и според извори од Белата куќа, тоа се случило „ова утро“ по американско време, а церемонијата на потпишувањето на претседателскиот указ минала без присуство на медиумите.

Според документот, повторно на 90 дена се воведува забрана за влез на граѓаните од Судан, Сирија, Сомалија, Иран, Либија и Јемен. Во новиот указ на Доналд Трамп исклучок се оние државјани на овие земји на кои им издадени американски визи претходно. Исто така, промена е што од оваа листа се исклучени државјаните од Ирак, коишто како што претходно толкуваа извори од Белата куќа за Reuters „бидејќи ирачката влада вовела дополнителни мерки за контрола на имиграциската процедура и поради заедничката борба против џихадистичката организација Исламска држава. Илјадници Ирачани се бореа рамо до рамо со Американците или логистички им помагале во тоа“.

Според новиот документ на Трамп. „жителите на споменатите шест земји кои се наоѓале надвор од САД и во 17 часот на 27-ми јануари и во моментот на стапувањето на сила на сегашниот декрет немале важечка виза, го немаат правото да влезат во САД во времетраењето“ на новите прописи.

Во соопштението на Белата куќа, исто така, се истакнува дека лицата коишто имаат важечки визи може да ги посетата САД, но како и претходно, тие мора да се усогласат со сите постојни процедури за странците.

„Ова не е забрана за муслиманите во никаква форма. Станува збор за привремено суспендирање на влезот на граѓаните од шесте земји, коишто се сметаат за несигурни земји или за спонзори на тероризмот“, пренесуваат агенциите од специјалниот брифинг на неименуван функционер во администрацијата на претседателот Трамп.

Покрај тоа, Белата куќа повторно привремено ја суспендира програмата за бегалци. Во текот на следните 120 дена, властите ќе спроведуваат анализа и процена на сегашните постапки за проверка на оваа категорија лица со цел да се заштитат американските граѓани од оние кои може да ја загрозат нивната безбедност, се додава во документот.

„Со новиот извршен указ се отстранува разликата од забрана за разместување на бегалците за 120 дена, којашто за бегалците од Сирија важеше трајно, и неограничената забрана и сите се ставаат во истата категорија од 120 дена“, додал претставникот на Белата куќа.

Претседателот Доналд Трамп се одлучи на новата верзија на својот претходен указ од истата област кој предизвика протести во САД и негодувања и критики во светот, бидејќи смета дека ќе ги избегне долгите судски процедури за негово евентуално оспорување.

На 27-ми јануари претседателот Доналд Трамп го потпиша извршниот указ 13769 „За заштита на земјата од влез на странски терористи“, со кој во рок од 90 дена се суспендираше издавањето визи за државјаните на седум муслимански држави: Иран, Ирак, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан. Указот, исто така, им наложува на Стејт департментот и на Министерството за национална безбедност да го суспендираат распоредувањето на бегалците по сојузните држави на 120 дена, како и на неодреден рок се суспендира прифаќањето бегалци од Сирија. Исто така, значително е намалена квотата за прифаќање на барателите на азил во САД во фискалната 2017 година, која таму започнува во октомври 2016 година, на не повеќе од 50.000, од претходно планираните 110.000.

Сојузниот судија од Сиетл, Џејмс Робарт на 3-ти февруари го блокираше овој указ на Трамп со што тој не важеше на целата територија на САД. Потоа на 5-ти февруари, Окружниот апелационен суд во Сиетл одби, на барање на американското министерство за правосудство, да донесе итна мерка со којашто ќе биде суспендирана одлуката на федералниот судија Робарт, а којашто се однесува на целата територија на САД за привремено поништување на привремениот извршен указ на претседателот Трамп. Овој апелациониот суд го установил рокот за министерството за правосудство за одговор на тужителот кој истекува за приговорот на тужениот. Тој требало да биде даден до понеделник.

Пресудата којашто следеше по рочиштето, не го решава правниот спор, туку се однесува на прашањето дали указот на Трамп треба да биде суспендиран за време на судската постапка.

Владата може да побара целиот Апелационен суд на САД за деветтиот округ, кој има 29 активни судии и е надлежен за државите и териториите на западот од Соединетите држави, да ја преиспита одлуката или директно да вложи жалба до Врховниот суд, кој најверојатно и ќе го одреди крајниот исход од судскиот спор.

Тројцата споменати судии оцениле дека и привремената повторна примена на забраната би можела да предизвика штета. Во пресудата наведуваат дека увидуваат спротиставени интереси на националната безбедност и на слободата на движење, но дека владата на САД не понудила „никакви докази“ за загриженост по националната безбедност кои би ја оправдале забраната за граѓаните од споменатите седум земји. Додаваат дека владата не изнела ниеден доказ дека кое и да е лице од тие земји сторило терористички напад во САД.

Министерството за правосудство на САД оцени претходно дека одлуката на судијата Робарт нанесува моментална штета на американската јавност и го оневозможува спроведувањето на извршна уредба, а исто така ги доведува во прашање национално-безбедносните процени на претседателот за ризикот кој претставува влегување во земјата на одредени групи и е најдобриот начин за намалување на тој ризик.

Министерството за правосудство не објави кога ќе ја поднесе самата жалба на деветтиот окружен апелационен суд на одлуката на судијата Робарт. Во поднесокот на министерството за правосудство Трамп е наведен како еден од подносителите во својство на претседател, заедно со секретарот за внатрешна безбедност Џон Кели и државниот секретар Рекс Тилерсон. /крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија11 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија13 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија15 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија17 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија18 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет18 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија19 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет19 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија19 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет19 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија2 дена

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија2 дена

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија2 дена

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...