Свет
Трамп: Дваесет американски држави се подготвуваат да ги укинат ограничувањата за Ковид-19
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека 20 американски држави во моментов се подготвуваат да ги укинат санитарните ограничувања воведени поради пандемијата на Ковид-19, пренесува ТАСС.
„Повторно ја отвораме Америка. Дваесетина држави што претставуваат 40 отсто од населението објавија дека прават планови и подготовки за безбедно да ги рестартираат своите економии во најскоро време“, рече американскиот лидер на брифингот во вторникот.
Тој не даде детали.
„Тие се активираат прилично брзо. Три најавија денес, како што знаете. И ќе го сторат тоа безбедно“, рече тој.
Минатата недела американската влада објави препораки за постепено укинување на ограничувањата за Ковид-19 во земјата. Трамп истакна дека гувернерите треба да одлучат дали да ги укинат постојните ограничувања или не, бидејќи ситуацијата варира од држава во држава.
Според универзитетот „Џонс Хопкинс“, во САД има над 816.000 документирани случаи на Ковид-19 и над 43.900 регистрирани смртни случаи. Њујорк пријави најголем број нови случаи во земјата.
Кон крајот на декември 2019 година, кинеските власти ја известија Светската здравствена организација (СЗО) за појава на претходно непозната пневмонија во градот Вухан, во централна Кина. Оттогаш, случаи на новиот коронавирус – наречен Kovid-19 од страна на СЗО – се пријавени во секој дел од светот, вклучително и Русија.
На 11 март 2020 година СЗО ја прогласи појавата на коронавирус за пандемија. Според најновите статистички податоци, над 2.484.000 луѓе се заразени во светот и пријавени се повеќе од 170.000 смртни случаи. Покрај тоа, досега, над 652.000 лица закрепнале од болеста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.