Свет
„Трамп е можеби единствениот во светот кој доби комбинација од три моќни лекови“
Доколку се заразите од коронавирус, не очекувајте ист третман како и претседателот Доналд Трамп, бидејќи тој можеби е единствената личност во светот што примил коктел од три лекови, им порачуваат американските медиуми на грѓаните.
Очекувано е дека лидерот на земјата ќе добие дополнително внимание и најдобра можна грижа, но некои од третманите што ги добил тој не се достапни за пошироката јавност, посочуваат лекари.
Пред да биде хоспитализиран во петокот, Трамп примил експериментална терапија со антитела на „Регенерон“, што може да го намали нивото на коронавирусот и покажа ветувачки резултати во студијата со 275 пациенти.
Сепак, третманот сè уште не доби одобрение за итна употреба од американската Администрација за храна и лекови.
Биотехнолошката компанија „Регенерон“ соопшти дека го обезбедила лекот откако добила барање за т.н. сочувствителна употреба од страна на лекарите на Трамп.
„Се разбира, станува збор за претседателот на Соединетите Држави. Сепак, има речиси 210.000 Американци кои починале во последните неколку месеци, бидејќи одговорот на пандемијата беше лош. Но, тие секако не добија пристап до овој начин на лекување“, изјавил епидемиологот Сима Џасмин.
Покрај експерименталната терапија со антитела, Трамп добил и ремдесивир и дексаметазон.
„Претседателот можеби е и единствениот пациент во светот кој некогаш добил ваква комбинација на лекови“, вели доктор Џонатан Рејнер, професор по медицина на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“.
Ремдесивир не доби одобрение од Управата за третман на Ковид-19, но доби одобрение од агенцијата за итна употреба, потсетува Си-ен-ен.
Инаку, Трамп беше хоспитализиран во петокот навечер, а во болница мина само три дена. Вчера тој преку „Твитер“ порача дека се чуствува подобро отколку што се чувствувал пред 20 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.