Свет
Трамп забрани финансирање на странски НВО-а кои го поддржуваат абортусот
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот потпиша указ со кој се забранува од сојузните фондови да се финансираат меѓународните невладини организации кои го поддржуваат абортусот.
Точно пред осум години на 23-ти јануари, кога првпат стапи на должноста претседател на САД, демократот Барак Обама, го укина ограничувањето за финансирање од американскиот федерален буџет странски и меѓународни организации кои го промовираат прекинувањето на бременоста и правото на избор, што го воведен неговиот претходни републиканецот Џорџ В. Буш помладиот.
Ова ограничување имаше слична предисторија, откако првпат беше воведено во текот на мандатот на републиканскиот претседател Роналд Реган, а го укина демократот Бил Клинтон.
Во текот на осумте години од претседателствувањето на Обама, средствата беа насочени во Фондот на Обединетите нации за население (УНФПА).
Ова одлука на Доналд Трамп се очекува дека ќе предизвика загриженост и реакции кај американските здруженија за семејно планирање и заштита на женските права. Новиот американски претседател, пак, во својата администрација се опкружи со функционери кои отворено не се наклонети на абортусот.
Американските противници на абортусот беа мобилизирани од претходно и веќе во декември во некои сојузни држави во кои се на власт, усвоија ограничувачки мерки против абортусот.
Новиот претседател Трамп, притоа, најави дека еден жесток противник на абортусот ќе го именува во испразнетото место во Врховниот суд, што би помогнало да се поништи легализацијата на абортусот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.