Свет
Трамп за извештајот на специјалниот обвинител: Пропадна обидот да ми се наштети
„Целосно ослободување“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на „Твитер“ по објавувањето на главните наоди од истрагата на специјалниот обвинител Роберт Милер за наводно руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година. Со иста реакција излезе и Белата куќа, која соопшти дека извештајот на Милер е целосно ослободување на Трамп.
Секретарот за печат на Белата куќа соопшти дека Милер не нашол никакви докази за соработка на луѓето од кампањата на Трамп со Русите, ниту дека Трамп за време на истрагата ја опструирал правдата.
Трамп изјави дека дури и нелегалната истрага што ја водел специјалниот обвинител Роберт Милер покажала дека нема сомнежи за соработка меѓу тимот на Трамп и Русите во кампањата за избор на претседател во 2016 година. „Ова беше нелегален обид за да му се наштети на претседателот и овој обид пропадна. Срамно е што Америка мораше да помине низ ова. Се надевам дека ќе има нова истрага и кон другата страна, истрага што ќе покаже зошто ова се случуваше“, рече Трамп.
По двегодишната истрага, специјалниот обвинител Роберт Милер во писмо до Конгресот соопшти дека ниту Трамп ниту неговите соработници соработувале со Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.