Свет
Трамп најави прес-конференција: Веќе е јасен патот кон победата
Актуелниот американски претседател, Доналд Трамп, за денеска најави важна прес-конференција, која треба да се одржи околу 18 часот по наше време.
„Денес, важен прес на адвокатите за многу јасен и одржлив пат кон победа. Работите многу убаво доаѓаат на свое место“, напиша тој на „Твитер“.
Important News Conference today by lawyers on a very clear and viable path to victory. Pieces are very nicely falling into place. RNC at 12:00 P.M.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 19, 2020
Неколку минути претходно, исто така на „Твитер“ објави дека бил ограбен на претседателските избори во Детроит (Мичиген).
„Изборните измами во Детроит се жестоки и тоа веќе со години“, обвини денеска Трамп.
Voter Fraud in Detroit is rampant, and has been for many years!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 19, 2020
Тој на изборната ноќ водеше во државата Мичиген, која носи 16 избирачки гласа, за на крајот да загуби.
„Минатата ноќ водев, честопати многу солидно, во голем број клучни држави, речиси на секое место што го држеа и го контролираа демократите. Потоа, една по една тие почнаа магично да исчезнуваат додека се броеа поштенските гласови. Многу чудно“, напиша тогаш Трамп на „Твитер“.
Штабот на Трамп повед серија тужби во обид да го смени резултатот од изборите, а тој без цврсти докази тврди дека изборите биле украдени.
Вчера, од судот беше побарано да го прогласи за победник на претседателските избори во Пенсилванија, а Претставничкиот дом во таа сојузна држава, кој е под контрола на републиканците, да ги избере електорите што ќе гласаат за претседател на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.