Свет
Трамп повика на бојкот на „Харли Дејвидсон“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно се сврте кон една од своите вообичаени мети, компанијата „Харли Дејвидсон“ и порача дека купувачите треба да го бојкотираат овој производител на мотоцикли, доколу се остварат најавите на компанијата дека дел од своето производство ќе префрли во Европа.
Кон крајот на јуни, производителот на култните мотоцикли објави дека предвидува дел од своето производство наменето за тој пазар да го пресели во Европа.
Одлуката била донесена со цел да се избегне европското зголемување на царините од 6 на 31 проценти за мотоцикли „Харли Дејвидсон“, што следуваше откако администрацијата на Трамп воведе нови царински тарифи на челикот и алуминиумот што се увезуваат во САД.
„Многу сопственици на ‘Харли Дејвидсон’ планираат да ја бојкотираат компанијата ако производството се префрли во странство. Совршено!“, напиша Трамп на Твитер.
„Повеќе други компании доаѓаат кај нас, вклучувајќи ги и конкурентите на Харли“, наведува американскиот претседател.
Кон крајот на јуни, компанијата најави дека ќе ја прецизира својата стратегија пред истекот на јули, но тоа се уште го нема направено.
За време на презентацијата на резултатите од првиот квартал, „Харли Дејвидсон“ изјави дека нивната продажба во САД не е засегната од последиците на царинската битка, која ја започна администрацијата на Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.