Свет
Трамп повторно одрекува дека има некакви врски со Русија
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата повторно негираше какви и да се врски со Русија, по оставката на неговиот советник за национална безбедност Мајкл Флин обвинет дека лажел за неговите врски со Москва, нарекувајќи го овој случај „апсурден“.
Таа приказна „за поврзаноста со Русија е апсурдна, тоа е само обида да се прикријат грешките сторени во губитничката кампања на Хилари Клиттон“ реагираше американскиот претседател Доналд Трамп во низата пораки на Twitter објавени во средата претпладнето.
Мајкл Флин, поранешен висок воен челник, е осомничен за неколку телефонски разговори со рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кислјак, пред Трамп да ја преземе претседателската должност и поради начините на коишто за тоа го известил потпретседателот Мајк Пенс.
„Медиумите кои шират лажни информации дивеат со своите теории на заговор и слепата омраза“, истакна американскиот претседател на социјалната мрежа во прв ред алудирајќи на телевизиите CNN и MSNBC кои важат за ткн либерални а за кои наведува дека „не може да се гледаат“. Но ја пофали конзервативната телевизиска мрежа Fox News.
Трамп притоа ги обвинува американските разузнавачки агенции дека ги откривале во јавноста тие информации, отворено повикувајќи го Националната агенција за безбедност (NSA) и сојузната полиција Федералното биро за истраги (FBI): „Разузнавачката заедница (NSA FBI?) незаконски му предала информации на лошите @NYTimes и @WashingtonPost”, напиша претседателот на САД.
Од друга страна, пак, Доналд Трамп му честиташе на новинарот на агенцијата Bloomberg кој напиша „NSA и FBI (…) не би требало да се мешаат во нашите политики“.
Белат куќа два дена одговара за оставката на Мајкл Флин, но и натаму противниците на Трамп поставуваат прашања за наводни некакви минати или сегашни врски на Трамп со Русија. Флин беше главен во екипата блиски соработници за надворешна политика на Трамп и еден од столбовите на неговата предизборна кампања./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.