Свет
Трамп подготвен да се справи со одговорноста за притискање на нуклеарното копче
Ако и кога ќе дојде време за тоа, американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен за огромната одговорност за притискање на нуклеарното копче, изјави тој во време кога Вашингтон е во судир со сè поголем број држави, пренесува РТ.
Трамп го коментира ова прашање за време на интервјуто со Пирс Морган за програмата „Добро утро, Британијо“ на ITV во средата.
Прашан за најлошото сценарио за потенцијално користење нуклеарно оружје во време на војна, Трамп истакна дека тоа е огромна одговорност, но дека тој е подготвен за задачата.
Во истото интервју Трамп исто така зборуваше за тензиите со Иран и за изгледите за обновена воена акција во Заливот. Иако рече дека би сакал да разговара со Техеран за нивните разлики, тој инсистира дека негирањето на нуклеарното оружје на Иранците е клучно прашање.
„Со оглед на тоа секогаш постои шанса за војна со земјата“, предупреди тој.
Строгата реторика на Трамп за Иран следува по периодот на зголемени тензии од минатогодишното повлекување на САД од историскиот нуклеарен договор за Иран, познат како ЈЦПОА. Иран тврди дека ги исполнил сите обврски според договорот од 2015 година, со кој се ограничува иранскиот нуклеарен развој во замена за олеснување на економските ограничувања меѓу другите мерки.
Тензиите се зголемуваат и меѓу Вашингтон и Кина поради трговската војна и обвиненијата од Вашингтон дека Пекинг го користи својот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ за шпионирање. Кина ги негира тврдењата и вети дека овој потег нема да остане неодговорен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.