Свет
Трамп помилува 143 лица, меѓу кои и поранешниот советник Стив Бенон
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го помилува поранешниот советник Стив Бенон како дел од последната акција за помилување во која беа опфатени 143 лица.
Во вторникот повеќето американски медиуми рекоа за Бенон дека има многу малку шанси да биде помилуван, меѓутоа тој беше ослободен по апсењето во август под обвинение за проневера на пари од донатор за изградба на ѕид на границата со САД и Мексико.
Меѓу помилуваните се и раперите Лил Вејн и Кодак Блек, потоа финансиерот на кампањата на Трамп, Елиот Бројди, кој призна дека незаконски лобирал во американската влада да ја прекине истрагата за скандалот со корупција во Малезија, а тука е и поранешниот градоначалник на Детроит, Кваме Килпатрик, кој издржуваше 28-годишна затворска казна за корупција, објави „Гардијан“.
Белата куќа го објави списокот на лицата што беа помилувани нешто по полноќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.