Свет
Трамп прогласи вонредна состојба поради телекомуникациски закани
Американскиот претседател прогласи вонредна состојба во земјата со цел да им забрани на американските телекомуникациски мрежи да купуваат од странските компании кои се оценети како ризични, што најмногу ја погодува Кина, пренесуваат светските медиуми.
Трамп во екот на тензиите со Пекинг донесе уредба, која беше очекувана, а најмногу ја погодува големата кинеска телекомуникациска компанија „Хуавеј“, која одамна е на цел на американските власти.
„Овие неразумни рестрикции ги газат правата на ‘Хуавеј”, реагираше кинеската компанија, која додава дека оваа забрана ги води САД кон полоши и поскапи решенија на подрачјето на 5Г, петтата генерација на мобилни мрежи. „Хуавеј“ за себе вели дека е лидер на 5Г.
Белата куќа се правда дека уредбата е поради тоа што странската конкуренција сè повеќе ја искористуваат ранливоста на подрачјето на услугите на информациските и комуникациските технолошки инфраструктури во САД.
Пекинг напротив, оценува дека се работи за нелојален чекор, со кој се сузбива конкуренцијата.
Ова е најстрога мерка на администрацијата на Трамп, насочена против кинескиот технолошки сектор, кој нагло се шири во африканските, латиноамериканските и азиските земји, со економии во нагорна линија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Што се случи на денот кога исчезна малата Данка, првиот сосед раскажува
Живанка Трајковиќ од Бањско поле, првата сосетка на семејството Данка Илиќ (2) која исчезна пред три дена, раскажа што се случило на денот кога исчезна девојчето.
– Беше емотивно за сите нас. За сите граѓани. Таткото плачеше, бабата, дедото. Тие беа многу потресени. Не ја познавам мајката, па не знам дали ја видов. Луѓето плачеа, плачев и јас. Беше тешко и жално за сите.
Соседот вели дека семејството на исчезнатото девојче не живее во селото каде што исчезнало, туку дека дедото доаѓа повремено.
-Тој ден мајката дојде да ги однесе децата на пат. Сега… не знам што се случи. Имаше малку сонце, ветровито – го опишува денот кога исчезна Данка и продолжува:
– Полицијата дојде. Кога слушнав дека девојчето исчезнало, се зачудив. Зошто овде? Како? Мирно е, тивко е… Јас сум првата куќа до нив. Видовме дека има некој во шумата, во нивниот дел, но не обрнавме внимание. Ја работевме нашата работа што ја работевме. И не обрнувавме внимание додека не не праша полицијата. Да, теренот е непристапен. Има дупки, има секакви работи. Некои подземни води, има и поток. Сосема е нелогично каде отиде девојчето. Некој од соседството рече дека ја виделе токму таму пред нашата врата. Таму имаме песок, децата сакаат песок. Сигурно ќе останеше некоја трага. Сепак, не најдовме никаква трага. Ништо не видовме“, рече сосетката.
Свет
ОН: Две третини од 36-те болници во Газа повеќе не функционираат
Две третини од 36-те болници во Појасот Газа повеќе не функционираат, а болницата Ал-Амал е затворена поради интензивна воена активност, се вели во извештајот на хуманитарните претставници на Обединетите нации.
Светската здравствена организација објави дека Газа сега има само 12 функционални болници, вклучувајќи две „минимално функционални“ и десет делумно, четири на север и шест на југ, изјави за новинарите портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.
Повеќе од дваесет вработени, десет пациенти и луѓе кои ги придружуваа, како и телата на две лица, убиени во болницата Ал-Амал вчера беа преместени од страна на хуманитарната канцеларија на ОН, палестинската Црвена полумесечина и Меѓународниот комитет на Црвениот крст пред да биде затворена болницата.
Андреа Де Доменико, кој раководи со хуманитарните операции на ОН на палестинските територии, ја посети болницата Камал Адван на север, која е делумно функционална, и рече дека прима 15 неухранети деца дневно и дека се бори да продолжи да работи.
Портпаролот на ОН рече дека единствениот генератор на болницата е тешко оштетен и дека здравствените работници и пациентите имаат очајна потреба од храна, вода и канализација.
Според Светската програма за храна, околу 70 отсто од населението на северот на Газа се соочува со „катастрофален глад“, а напорите за испорака на помош се отежнати поради борбите и ограничениот пристап до оние на кои им е потребна храна.
Овој месец, Светската програма за храна можеше да испрати само 11 конвои на север со храна за околу 74.000 луѓе, што е далеку под огромните потреби на населението.
Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека убила повеќе од 200 вооружени лица во континуираната операција против Хамас во болницата Ал-Шифа во градот Газа.
Според израелските медиуми, вооружени членови на Хамас излегле од оперативната сала каде се криеле и пукале во војниците.
Свет
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
Парламентот на Индонезија одлучи поранешната метропола Џакарта да остане економски центар на земјата како дел од планот за преселување на главниот град на островот Борнео.
Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната Џакарта во Нусантар, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан, Борнео.
Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.
Министерот за внатрешни работи Тито Карнавијан по дебатата во парламентот рече дека Џакарта сè уште ќе треба да се развива понатаму за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата се пресели во Нусантара.
„Откако повеќе не е главен град, Џакарта сепак мора да има печат на посебен град за да може да го забрза економскиот раст и да го зголеми својот придонес во БДП на земјата“, рече тој.