Свет
(Видео) Трамп прогласи победа и ги обвини противниците за измама
Во Америка има возбудлива трка за најмоќниот човек на светот. Доналд Трамп и Џо Бајден се многу блиску според резултатите, а процентот на освоени гласови се менува од минута во минута. Се бројат стотици милиони гласови. Според податоците од медиумите, Бајден во моментов има 220 изборни гласови, а Трамп 213.
Медиумите јавуваат дека Трамп победил во Тексас и добил 38 изборни гласови. За да се победи на изборите во САД, потребно е да се собере 270 изборни гласови.
Доналд Трамп и` се обрати на јавноста, заблагодарувајќи им на милиони луѓе за поддршката.
„Подготвени сме за голема прослава. Ние победивме насекаде. Подготвени сме да излеземе и да прославиме нешто толку големо, убаво и успешно … ова е рекорд“, рече Трамп, додавајќи дека победил во Тексас и Ајова. „Победивме во Пенсилванија“, рече Трамп.
„Сите оние држави што ги добивме вечерва… и одеднаш – што се случува? Знаете што се случува? Тие беа свесни дека не можат да ги добијат изборите и сега ни велат да одиме на суд. Јас го кажувам тоа од самиот почеток. Тие ќе испратат десетици милиони гласови и ако не успеат да ги добијат, ќе одат на суд. Флорида беше победа, неверојатна победа, па Тексас, Охајо. И таму убедливо победивме“, рече Трамп.
Тој на „Твитер“ ги обвини своите противници дека се обиделе да ги „украдат изборите“, иако не понуди докази за тоа.
„Тоа е голема победа, но тие се обидуваат да ни ги украдат изборите. Никогаш нема да им дозволиме да го сторат тоа. Не можете да гласате откако ќе бидат затворени избирачките места”, напиша Трамп на „Твитер“.
Во меѓувреме, се огласи и кандидатот за претседател на Демократската партија, Џо Бајден, кој сè уште е оптимист за исходот на претседателските избори во САД, иако резултатите во моментов не се во негова корист. Бајден накратко им се обрати на своите приврзаници пред неговата куќа во Вилмингтон и тврдеше дека е на пат кон победата.
„Чувајте ја вербата, ќе го добиеме ова“, им извика тој.
Бајден има најголеми надежи дека во три земји т.н. „синиот ѕид“, Висконсин, Мичиген и Пенсилванија, кој Трамп го освои во 2016 година, ќе дојде до пресврт.
Во Висконсин, Бајден има 47,4 проценти од гласовите на преброени 84 проценти од гласачките ливчиња, во Мичиген е на 44,6 (преброени 64 проценти), а во Пенсилванија на 42,2 (64 проценти). Постои тренд кај сите да се намали разликата со пристигнувањето на нови гласови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.