Свет
Трамп се закани дека ќе ги однесе затворените борци на ИД на границите на Европа
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските држави да ги примат назад своите граѓани кои ѝ се приклучиле на Исламската држава (ИД), а кои се затворени во кампови во источна Сирија, контролирани од курдските сили.
„Го победив калифатот. Кога дојдов, калифатот беше насекаде. Јас го поразив калифатот, ИСИС, и сега имаме илјадници воени затвореници, борци на ИСИС кои се воени заробеници и ги прашуваме земјите од каде што дојдоа … од Европа, бараме од нив да ги вратат назад овие затвореници“, рекол Трамп на прес-конференција во Белата куќа.
Илјадници странски борци од околу осумдесет земји се приклучиле на ИС кога во 2014 година оваа терористичка организација презеде под контрола големи региони во Сирија и Ирак. Судбината на милитантите и нивните семејства стана жешко прашање откако на почетокот на оваа година беше прогласена победа над ИД.
Дел од децата се вратени во земјите од кои доаѓаат, но европските земји не сакаат да ги примат оние што свесно се приклучиле на оваа радикална група.
„Во еден момент ќе морам да кажам: или ќе ги примите назад или ќе им дозволам да дојдат на вашите граници. Ако не ги сакате назад, ние веројатно ќе мора да ги оставиме на границите и потоа повторно да ги затворите“, изјавил Трамп.
Тој додал дека САД нема да ги платат трошоците за притвор на илјадници борци. „Повеќето од нив се од Европа. Тие доаѓаат од Германија, од Франција. Ѝ направивме огромна услуга на Европа“, додал тој.
Илјадници цивили, вклучително и оние поврзани со ИД, се притворени во камповите по акцијата на коалицијата предводена од САД против екстремистите на североистокот на Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.