Свет
Трамп ја деблокирал помошта за Украина кога сенаторите го замолиле
Американскиот претседател, Доналд Трамп, во средата изјави дека ја деблокирал воената помош за Украина, само затоа што американскиот сенатор Роб Портман од Охајо и другите законодавци го побарале тоа од него, пренесува ТАСС.
„Всушност, Роб Портман ме поддржа, а никој не е почесен од Роб Портман од Охајо. Побара: „Те молам, пушти ги парите“, рече Трамп. „Дадов пари затоа што Роб Портман и другите ми се јавија и ме замолија“, рече тој додавајќи дека европските земји треба да платат повеќе за да ѝ помогнат на Украина.
„Украина им помага на Европа и на европските земји многу повеќе отколку што тие ни помагаат. Таа е како ѕид меѓу Русија и Европа. Голем, широк, убав ѕид“, додаде тој.
Трамп рече дека една од причините за неподготвеноста да испрати финансиска помош во Украина е корупцијата во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.