Свет
Трамп ќе го објави големиот мировен план за Израел пред посетата на Нетанјаху
Американскиот претседател, Доналд Трамп, конечно, ќе го открие својот одличен план за мир на Блискиот Исток пред израелските лидери да го посетат Вашингтон следната недела, пренесува РТ. Иако на Палестинците можеби нема да им се допадне, тоа ќе биде добро за нив, рече Трамп.
Трамп долго време навестуваше постоење план со кој би се решил долготрајниот спор меѓу Израел и Палестинците, наводно создаден од неговиот зет Џеред Кушнер. Сепак, неговото објавување постојано се одложува.
Трамп вчера најави дека има намера да го објави планот пред посетата на техничкиот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху, и неговиот главен ривал Бени Ганц следната недела во Вашингтон.
„Тоа е одличен план. Тоа е план што навистина би функционирал“, рече Трамп.
Американскиот претседател истакна дека Палестинците можеби на почетокот ќе реагираат негативно, но додаде дека предлогот ќе биде од нивна корист.
Трамп направи неколку потези отворено фаворизирајќи го Израел од стапувањето на должност во 2017 година, вклучително и признавањето на Ерусалим за израелска престолнина и преместување на американската амбасада таму, како и признавање на израелската анексија на Голанската Висорамнина, сириска територија окупирана од 1967 година.
Израел е основан во 1948 година на поголем дел од територијата на поранешната британска администрација Палестина и Трансјордан, при што Јордан и Египет ги зеле териториите што сега се познати како Западен Брег и Појасот Газа.
Израел ги презеде обете области во војната 1967 година. Оттогаш многубројни мировни предлози се обидоа да формираат палестинска држава на тие територии. Ова решение за две држави беше официјална позиција на САД сè додека администрацијата на Трамп не ја отфрли во февруари 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.
Свет
Русија ги повлекува војниците од Нагорно Карабах
Руските воени мировни трупи се повлекуваат од Нагорно-Карабах, потврдија официјални лица од двете земји.
Руските мировници се таму од крајот на ерменско-азербејџанската војна во 2020 година.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги потврди извештаите за повлекувањето пред новинарите, но не даде детали.
Веста за повлекувањето ја потврди и азербејџанскиот министер за надворешни работи Хикмет Хаџиев, додавајќи дека двете земји се договориле за тоа.
Хаџиев не објасни зошто војниците се повлекуваат, но се чини дека нивното присуство е излишно откако Азербејџан ја врати целосната контрола врз регионот минатата година.
Во првата половина на 1990-тите, Нагорно-Карабах беше во фокусот на меѓуетничката војна по распадот на Советскиот Сојуз, во која и Ерменија и Азербејџан беа федерални единици.
Тој регион тогаш беше под целосна контрола на бунтовничките Ерменци до војната во 2020 година, кога Азербејџан ја врати контролата врз некои од неговите делови. Таа војна заврши со прекин на огнот и распоредување на 2.000 руски војници во деловите на Нагорно-Карабах кои останаа под ерменска контрола.