Свет
Три земји на чекор од стратешки договор – Путин, Раиси и Ердоган денеска на важен состанок во Техеран
Претседателите на Иран, Русија и Турција, Ебрахим Раиси, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе се сретнат во Техеран за да разговараат за регионалните и меѓународните проблеми, соопшти Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Путин ќе одржи трилатерален самит со колегите од Турција и Иран, земји гаранти на процесот во Астана од 2017 година поврзан со Сирија, што предвидува полесно спроведување на решавањето на конфликтот во таа земја, пренесе ТАСС.
Покрај трилатералните средби, на маргините на самитот ќе се одржат и билатерални средби, по што Путин ќе се врати во Москва.
Песков рече дека наскоро може да се постигне сеопфатен договор за стратешка соработка меѓу Русија и Иран. Според него, руската верзија на текстот на договорот била предадена на иранската страна во средината на јуни, што Техеран го пофалил.
„Се надеваме дека по дополнителни промени, а имајќи го предвид мислењето на иранската страна, ќе биде можно да се потпише договорот во блиска иднина“– додаде Песков.
Прашан за коментар за можното зголемување на трговската размена меѓу Русија и Иран од сегашните четири милијарди долари на 10 до 15 милијарди, Песков рече дека тоа може да биде значително повеќе.
„Рускиот лидер е поддржувач на идејата дека треба да се оди со најамбициозните цели. Сигурен сум дека претседателот Путин верува дека е можно да се стигне до високото скалило. Тоа се реални стандарди за нас, потенцијалот на нашите две земји е голем. Москва и Техеран треба да направат многу, не само на билатерално ниво“ – додаде Песков.
Се додава дека покрај билатералните односи ќе се разговара и за регионални и глобални прашања. На дневен ред на самитот ќе се најдат последните случувања во Сирија, борбата против терористичките организации, обидите за политичко решение, хуманитарната ситуација и доброволното враќање на Сиријците во нивните домови.
Претседателот на Турција на маргините на самитот ќе оствари и билатерална средба со рускиот колега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.