Свет
Тројца тинејџери уапсени кога нелегално влегле во Мар-а-Лаго со „калашников“ во ранецот
Три 15-годишни момчиња на Флорида се во притвор кога ненамерно незаконски влегле на имотот Мар-а-Лаго со „калашников“ во ранецот додека се обиделе да избегаат од полицијата, пренесува „Њујорк пост“.
Бизарната сцена се одвивала во петокот околу полноќ кога полицијата во Палм Бич ги забележала тинејџерите паркирани во „хјундаи“ на патот на околу три километри од клубот на американскиот претседател Доналт Трамп, изјавил за претставник на полицијата од Палм Бич за Ен-би-си.
Кога полицијата се приближила до возилото, возачот избегал иницирајќи куса потера од автомобилот, се вели во извештајот. Тинејџерите на крајот го оставиле своето возило во близина на Мар-а-Лаго и наводно носеле ранец во кој имало „калашников“ и избегале на имотот.
Клупското обезбедување ја пронашло торбата со пушката и шаржер со 14 куршуми, соопшти полицијата.
Момчињата подоцна биле задржани на имотот. Кога полицаец ја прашал групата за пушката, еден од нив наводно му рекол на полицаецот дека ја нашол. Сите тројца сега се соочуваат со обвиненија за нелегално влегување на приватен имот, вооружена провала и за давање отпор при апсење без насилство.
Полицијата вели дека тинејџерите не сфатиле оти се наоѓаат во одморалиштето на американскиот претседател и дека случајно завршиле таму во обидот да го избегнат апсењето. Тинејџерите се задржани во Центарот за процена на малолетници во Бич Вест Палм. Полицијата не ги објави нивните идентитети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.