Свет
Турските сили неутрализирале 17 терористи на ПКК во последните 24 часа
Турските безбедносни сили неутрализирале 17 терористи на ПКК во последните 24 часа, се вели во соопштението на турското Министерството за одбрана, пренесува „Анадолија“.
„Нашите херојски војници неутрализираа 17 терористи во последните 24 часа. Вкупно беа неутрализирани 57 терористи во последните 10 дена“, се вели во соопштението.
Претходно, официјален владин претставник изјави дека турските безбедносни сили неутрализирале повеќе од 100 терористи во јули. Зборувајќи на месечниот брифинг, портпаролот на турското МНР, Исмаил Чатакли, изјави дека Турција неутрализирала 105 терористи вклучувајќи 80 на ПКК/КЏК, 23 терористи на ИД, двајца членови на левичарската терористичка група.
Чатакли додаде дека петмина од нив се наоѓале во сивата категорија на листата на барани терористи издадена од Министерството за внатрешни работи, со награда од 500.000 турски лири за секој од нив.
Листата на барани терористи се дели во пет категории според бојата: црвена – најбарана категорија, по која следуваат сината, зелената, портокаловата и сивата категорија.
„Одлучни сме во елиминирањето на тероризмот од дневниот ред на нашата земја“, изјави Чатакли нагласувајќи дека неговата земја продолжува да се бори против тероризмот без прекин.
„Турција во јули има спроведено 11.057 антитерористички операции во руралните области и 1.509 во покраинските области“, изјави тој.
За време на операциите, вкупно 48 пештери и засолништа, кои ги користеле терористите, се уништени, а запленети се 40 мини, 610 килограми експлозиви, 60 оружја и неколку видови муниција.
Во својата над 30-годишна кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени, соопштија од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.