Свет
Турција ги прекинува воените операции во Сирија
Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна Сирија, со што ќе се стави крај на осумдневната турска офанзива против силите предводени од Курдите.
Сите воени операции ќе бидат стопирани на 120 часа или пет дена, а САД ќе овозможат повлекување на курдските сили од просторот што Турција го нарече безбедна зона.
„Турските воени операции ќе прекинат кога повлекувањето ќе биде целосно. Турција и САД се согласија за прекин на огнот во Сирија“, изјави Пенс на прес-конференција.
Договорот со Ердоган исто така обезбедува Турција да не води воени операции во сирискиот пограничен град Кобани.
Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер му се заблагодари на турскиот колега, порачувајќи дека од Анкара стигнале прекрасни вести и дека ќе бидат спасени милиони животи.
Great news out of Turkey. News Conference shortly with @VP and @SecPompeo. Thank you to @RTErdogan. Millions of lives will be saved!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 17, 2019
„Моравме да покажеме малку „груба љубов“ за да дојде до договор. Ова е прекрасно за сите. Горд сум на сите“ напиша Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вонредна состојба во регион во Русија, поради несреќа во рудник затрупани 13 лица
Во Амурската област, на рускиот далечен исток, воведена е вонредна состојба поради инцидентот во рудникот за злато „Пионир“, во областа Зеја, каде 13 лица останаа заробени под урнатините поради пад на карпа, соопштија од тој регион.
„Во Амурската област е воведена регионална вонредна состојба поради инцидентот во рудникот Пионир во областа Зеја со цел да се мобилизираат сите сили и ресурси. Оваа одлука е донесена на вонредна седница што ја одржа регионалниот гувернер“, се вели во соопштението на локалната самоуправа.
Претставник на службата за вонредни состојби за РИА Новости изјави дека во рудникот во моментот на уривањето имало 13 лица. Групата спасувачи, главно од Руската Република Јакутија, се состои од 25 вработени, а со нив пристигнале и четири парчиња опрема.
Покрај тоа, хеликоптерот Ми-8 на руското Министерство за вонредни ситуации полета од територијата Хабаровск до местото на несреќата, пренесува Интерфакс. Од оперативните служби за Интерфакс велат дека, според првичните информации, луѓето се на длабочина од 100 до 150 метри, а засега нема информации за можни жртви.
Свет
Силен земјотрес го погоди Пакистан
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Белучистан во Пакистан, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
ГФЗ додаде дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс.
Засега нема информации за жртви, а не се знае и колкава е штетата предизвикана од земјотресот.
Свет
Дваесет загинати во израелски воздушни напади
Дваесет Палестинци се убиени рано утринава во израелските воздушни напади врз Рафах, како и врз централниот дел на Појасот Газа, соопштија здравствените власти во енклавата.
Тие додадоа дека во Рафах, на југот на енклавата, каде во моментов се наоѓаат над милион Палестинци, 14 лица загинаа, а десетици други се ранети во нападите што погодија неколку куќи и станови.
Уште шест лица загинаа во вториот воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Ал-Нусеират во централниот дел на Појасот Газа, додадоа официјални лица.
Деир Ал Балах, град во централниот дел на Појасот Газа, на околу 14 километри јужно од градот Газа, исто така беше бомбардиран во текот на ноќта, јавува Ројтерс.
Од почетокот на израелската агресија врз Газа, според Министерството за здравство во Појасот Газа, загинале повеќе од 31.000 луѓе.
Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Дејвид Барнеа, во понеделникот отиде во Катар за да ги продолжи преговорите за привремен прекин на огнот и ослободување на израелските заложници во Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.