Свет
Турција и Русија потпишаа договор за формирање заеднички центар за Нагорно-Карабах
Русија и Турција ги завршија разговорите околу техничките детали во врска со формирањето и одговорностите на заедничкиот центар за Нагорно-Карабах и потпишан е договор, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува ТАСС.
Министерството објави дека во тек е работата за што побрзо ставање во функција на центарот, потсетувајќи дека на 11 ноември, преку видеоконференција, е потпишан Меморандум за разбирање од страна на министрите за одбрана на Турција и Русија, Хулуси Акар и Сергеј Шојгу.
„Преку заедничкиот центар во Нагорно – Карабах, турските и руските воени делегации планираат да го следат и контролираат спроведувањето на примирјето помеѓу Азербејџан и Ерменија“, соопшти Министерството.
Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година, кога ерменската војска го окупира Нагорно-Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан, и седум други соседни региони.
Кога на 27 септември избија нови судири, ерменската војска покрена напади врз цивилите и азербејџанските сили и прекрши неколку договори за хуманитарен прекин на огнот. Во текот на 44-дневните судири, Азербејџан ослободи неколку градови и речиси 300 населби и села од ерменска окупација.
На 10 ноември, двете земји потпишаа договор со посредство на Русија за ставање крај на судирите и за посветување кон сеопфатно решение. Примирјето се смета за победа на Азербејџан и пораз за Ерменија, чии вооружени сили се повлекуваат, како што е наведено во договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.